Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, бекот на Динамо Стефан Ристовски, се најде во идеалниот тим на УЕФА за третото коло од ЛШ, откако одигра блескав натпревар со две асистенции во победата на Динамо Загреб на гости кај Салцбург (2-0).

Македонскиот дефанзивец беше прогласен за најдобар играч на оваа средба, а денеска за неговата фантастична партија стигна уште едно големо признание.

Ристовски се најде во состав полн со ѕвезди, меѓу кои убедливо најголеми се фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус јуниор односно Рафиња.