„Мислев дека имам нешто во окото и морав да го отстранам, но потоа почувствував дека лицето ми гори и сè стана црно“, се сеќава Елабделауи.
Тој беше во градината и се подготвуваше да запали трет огномет со пријателите и семејството, вклучувајќи ги и неговите три деца. Но, уредот експлодирал предвреме додека тој се обидувал да го запали осигурувачот. Брзата помош пристигна за неколку минути, но долгото растојание во градското подрачје на Истанбул значеше дека е потребно долго време да се стигне до болницата. Кога Елабделауи пристигна во болницата, таму веќе чекаа новинари и соиграчи. Приказната брзо се прошири на социјалните мрежи откако беше направена фотографија од неговото изгорено лице, направена во возило на брза помош.
„Во првите денови навистина немав чувство за тоа што се случува. Се беше темно, не знаев дали е ноќ или ден. Времето не беше важно”, раскажува норвешкиот фудбалер.
Најблиските на Елабделауи беа лути што личноста која требаше да му помогне ја сподели неговата слика во таков трауматичен момент. Некои бараа разрешување и повикаа на тужби, но Елабделауи само побара извинување, знаејќи дека повисока казна нема да помогне никому. Тој се уште не добил извинување.
Додека лекарите ги санираа повредите, се чинеше дека кариерата на Елабделауи е завршена.
„Имаше многу луѓе и врева. Гласовите стануваат многу силни бидејќи кога не се гледа, се слуша апсолутно сè. Колку подолго траеше, толку повеќе се плашев“, истакнува Елабделауи.
30-годишниот фудбалер беше во Истанбул само неколку месеци по пристигнувањето од Олимпијакос, а соиграчите му дадоа поддршка, поминувајќи часови во болница. Тогашниот тренер Фатих Терим ја напушти новогодишната прослава за да им се придружи, а пристигнаа и братот на Елабделауи, Рашид и неговиот агент Микаил Адампур. Братот не можел да го препознае Елабделауи поради повреди на лицето и во солзи паднал на болничкиот под.
„Очајно се обидував да сфатам што се случува, но беше тешко. Лицето ми беше изгорено од барут. Мислам дека беше тешко веднаш да им кажам колку е лошо. Во еден момент го грабнав докторот и му реков: „Само кажи ми ја вистината, кажи ми колку е лошо“.
Тој одговори: „Твоето лево око не изгледа лошо, но не сме сигурни за десното око. Поради начинот на кој го кажа тоа, знаев дека не е добро“, изјави Елабделауи.
Елабделауи, кој мора да користи капки за очи на секои половина час, освен ако не е на теренот, беше реинтегриран во тимот на почетокот на јануари, опремен со специјализирани очила и контактни леќи. Неговиот фитнес режим му овозможи брзо да се врати.
„Кога му се врати на фудбалот, беше многу емотивно, сите играчи плачеа и се гушкаа“, вели д-р Јенер од Галатасарај, кој му дозволи на Елабделауи да игра. Неодамна Елабделауи играше пријателски натпревар, но неговото враќање на првенствените натпревари беше одложено поради Ковид-19.
Се очекува тој да биде на клупата денеска на гостувањето кај Гезтепе и се надева на емотивно враќање со настапи за клубот со кој сега има нераскинлива врска.
По една година страдање, Елабделауи го чека продолжението на кариерата.
„Тоа е нешто што ќе остане со мене засекогаш. Не можам да заборавам. Тоа е лузна која ќе биде со мене засекогаш“, се сеќава фудбалерот, но сега е веќе фокусиран на продолжението на својата фудбалска кариера.