Помалиот мадридски клуб Рајо Валјекано успеа да го сопре „кралскиот клуб“ играјќи 1-1 против Реал Мадрид на денешниот дуел во Ла Лига. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше блескаво издание на голот на домаќинот. Македонскиот репрезентативен голман, беше еден од најзаслужните што неговиот Рајо Валјекано остана непоразен  против фаворизираниот Реал.

 

 

Хоселу уште во третата минута го доведе Реал Мадрид во водство по еден контранапад и асистенција на Валверде, но израмни Раул де Томас во 27.минута од пенал.

По ова, „кралевите“ не успеаја повторно да пронајдат пат до мрежата на Димитриевски.

Одбраната на Димитриевски по слободниот удар на Крос.

Во финишот, Реал Мадрид остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дани Карвахал во судиското продолжение.

Рајо Ваљекано стигна до 25 бода и останува на четиринаесеттото место, додека Реал Мадрид е актуелен лидер во Примера и сега има 61 бод, шест повеќе од Жирона, која има и меч помалку.