Со ремито против Хибернијан, Абердин стигна до 27 бодови во шкотскиот Премиершип и уште има шанса за пласман во плеј-офот. Нашиот Бојан Миовски овој пат не се запиша во листата на стрелците, но сѐ уште е најдобар стрелец на тимот со 13 првенствени голови.
Абердин одигра 2-2 против Хибернијан, но менаџерот Нил Ворнок беше разочаран и незадоволен поради судиските одлуки на теренот, а посебно се изнервира кога македонскиот напаѓач Бојан Миовски доби удар од противничкиот голман Маршал.
Миовски беше повисок во скокот од Маршал и ја удри топката, по што доби бокс во лицето, а Ворнок не можеше да верува дека судијата не покажал на белата точка.
„Бојан ја удри топката, па доби бокс. Секој што разбира фудбал знае дека е пенал. Заслуживме да победиме, имавме 26 удари кон противничкиот гол“, кажа Ворнок.