Фудбалерите на Брајтон им се вратија на победите во Премиер лигата и во 25. коло славеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед убедливи со 0-5.
Избраниците на Роберто Де Зерби имаа многу повеќе од играта и водеа со 0-2 уште по првите 45 минути, а стрелци на головите беа Буонаноте и искусниот Дани Велбек, кои погодија во рок од само четири минути.
Домаќинот остана со фудбалер помалку уште во 13.минута поради исклучувањето на Мејсон Холгејт, а Брајтон тоа знаеше како да го искористи.
https://twitter.com/i/status/1759222207270535326
Буонаноте во 20.минута донесе предност за гостите, а Велбек четири минути подоцна зголеми на 0-2.
https://twitter.com/i/status/1759222819206889978
Робинсон во 75.минута си даде автогол и дилемите околу победникот беа решени, а до крајот Сајмон Адингра на двапати беше стрелец за конечни 0-5.
https://twitter.com/i/status/1759241568475574613
https://twitter.com/i/status/1759242317737734313
https://twitter.com/i/status/1759244314901692662
Брајтон сега има 38 бода на седмата позиција, додека Шефилд Јунајтед полека се подготвува за преселба во Чемпионшип и останува на само 13 освоени бодови.