Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ, продолжи да ги полни мрежите во Саудиска Арабија, откако беше „рестартиран“ шампионатот во оваа земја по завршувањето на Азиското првенство.

Неговиот тим Ал Хилал попладнево беше убедлив на домашен терен против Ал Раед (3-1), во натпревар во кој првите два гола беа дело на фантастичниот српски голгетер. Митровиќ првиот гол го постигна веќе во третата минута, кога одлично се снајде во шеснаесетникот на ривалот, додека во 29. минута ја удвои предноста на својот тим со гол од пенал. Последен мрежата на гостинот ја затресе Кулибали во второто полувреме.

 

Голгетерот на српската репрезентација стигна до бројката од 19 погодоци во првенството на С. Арабија, со што му се приближи на само два гола на најдобриот стрелец, Кристијано Роналдо. Ал Хилал останува на првото место на табелата со 56 бода, седум повеќе од Ал Наср.