Екипата на Ред Бул Њујорк го де молира Интер Мајами со 4-0 во натпревар од шестото коло во МЛС лигата. Гостите го одиграа третиот последователен натпревар без Лионел Меси, кој паузира поради повреда, а тоа се одразува и на резултатите (Мајами има биланс од 1-0-2 без Аргентинецот).

Против Ред Бул им пресуди поранешен играч, Шкотланѓанецот Луис Морган. Момчето, кое претходните две сезони го носеше дресот на тимот од Флорида, синоќа во Њу Џерси брилjираше со хет-трик, втор во неговата МЛС-кариера. Незаборавен натпревар одигра и Белгиецот од домашниот тим Данте Венцир, кој беше асистент на сите четири гола. Покрај Морган, стрелец за „биковите“ беше и Венецуелецот Викелман Кармона.

Во гостинскиот тим настапија Суарез, Алба, Бускетс, но овојпат триото не им помогна многу на избраниците на Херардо Тата Мартино, кои и покрај поразот остануваат во горниот дел од табелата во Источната конференција со учинок 3-1-2. .