Иако денешниот тренинг во 11 часот беше целосно затворен поради посебните протоколи за патувањето во Италија и коронавирусот, сепак нашите навивачи искористија момент за да ги поздрават нашите фудбалери.

Тие со песна ги испратија нашите момци по последниот тренинг.

Италија ја пречекува Македонија в четврток во рамките на квалификациите за светско првенство.