Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Марко Поло Дел Неро е вљубен во Клара, која е точно 50 години помлада! Тој има 81, а таа има 31 година.
Љубовната врска трае повеќе од три години, а се навестува дека наскоро ќе стапне на луд камен.
– Добив и добивам многу критики, но не ми е грижа што мислат другите. Почитувана сум, сакана и многу среќна, се грижам за другите – изјавила младата бразилска манекенка и актерка.