Венеција објави дека го доведе 35-годишниот Португалец Нани, кој во Серија А пристигна како слободен играч откако му истече договорот во Орландо Сити. Нани е во МЛС од 2019 година и на 88 натпревари постигна 31 гол и 18 асистенции.
Најголем белег во кариерата Нани остави во Манчестер Јунајтед каде настапуваше од 2007 до 2015 година. За Јунајтед одигра 230 натпревари и постигна 41 гол со 73 асистенции, а беше член и на тимот кој ја освои Лигата на шампионите во 2008 година и четири титули во Англија.
Со Португалија го освои Европското првенство во 2016 година, а во Венеција доаѓа да се бори напорно за останување. Неговиот нов клуб моментално е на 17. место, прво над зоната за испаѓање, а последен пат славеше во првенството во ноември минатата година.