По вчерашниот пораз од 3:1, футсал репрезентацијата на Македонија денеска во Лисабон во вториот пријателски меч со светскиот шампион Португалија беше поразена со преубедливи 9:0.

Португалците одиграа фантастично и за 12 минути во првиот дел веќе имаа предност од 5:0. Останува овие две средби на нашите футсал репрезентативци да им послужат за искуство од дуели со најсилните светски селекции.