Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку, зажали што летово замина од „Џузепе Мејс“ поради профитабилната понуда на Челзи, но навивачите на Интер долго време нема да го заборават начинот на кој го напушти тимот.

Лукаку го напушти Интер кон средината на август по извонредната втора сезона, овековечена со Скудетото, но во интервју за „Скај Италија“ откри дека тоа го направил на погрешен начин и дека би сакал еден ден да се врати.

Сепак, тоа не го промени ставот на навивачите на италијанскиот шампион, кои преку транспарент кажаа што мислат за покајанието на Белгиецот.

„Не е важно кој ќе избега на дожд, се рачуна кој ќе остане на олуја. Поздрав до Ромелу“, напишаа навивачите на Интер.

https://twitter.com/gibzayn/status/1476859380108828672?s=20