Еден од најдобрите фудбалери на Шпанија на Европското првенство е напаѓачот на Лајпциг, Дани Олмо. Фудбалерот кој во првите две утакмици на шампионатот беше резерва влезе во тимот во третото коло и оттогаш стана незаменлив.
Олмо беше човекот кој ја водеше Шпанија со три голови и две асистенции, а стана апсолутен херој и во финалето. Иако не по стигна гол или проигрување за гол, Дани Олмо ја спаси својата репрезентација од примен гол во 90 минута. Англичаните имаа корнер и двојна шанса, прво шутираше Рајс но одбрани голманот Симон, а одбиената топка дојде до Гуехи. кој веќе го совлада противничкиот голман, но од гол-линијата, Олмо со чудесна одбрана со глава ја исфрли топката во поле и спаси сигурно израмнување. Секако еден од моментите кои долго ќе се паметат.
Така Олмо ја спаси Шпанија од израмнување, осигурувајќи ја титулата.