Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја победи Воска Спорт со 2-1 во дербито на 10.коло од Втората фудбалска лига. На дуелот во „Автокоманда“, вардарци поведоа со два гола предност по само дваесетина минути. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18.минута, а само две минути подоцна Дарко Мицевски постигна прекрасен гол од 25 метри, за предност од 2-0.
„Комитите“ направија одлична атмосфера и беа голема поддршка за „црвено-црните“, а во вториот дел Воска стигна до погодок, откако Изаир Емини погоди од пенал. Мишковски играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Вардар по овој триумф повторно е на врвот на табелата во Втората лига.