Столе Димитриевски брани во одлична форма за Рајо Ваљекано, а потврда за тоа се стандардните настапи во тимот од Мадрид. Тој вчера имаше одличен настап на „Санчез Писхуан“ против силната Севиља, а тој и неговиот тим стигнаа до победа и три бода..
Во една ситуација Столе успеа да одбрани и да ги спаси трите бода за Рајо. Рафа Мир се најде во чиста ситуација, шутираше но Димитриевски одбрани, а играчот на Севиља не очекуваше дека нашиот голман ќе одбрани па во продолжение на акцијата се сплетка и топката отиде во гол аут.