Барса веројатно заслужи да победи и да постигне гол и пред таа 93. минута, но Рафиња промаши во 86. минута, Феран Торес две претходно, иако иницијативата траеше цел меч.
Судниот час чукна некаде на половина од шесте минути судиско продолжение, а акцијата почна од Педри, кој го проигра Рафиња на 20-гина метри од голот, а овој со длабочинско, лоб додавање до Левандовски, кој се фрли и со својот убиствен гол-инстинкт најде начин да ја смести топката во мрежата.
hЗа Левандовски ова е 13. гол оваа сезона, убедливо на чело на листата на стрелци во Ла Лига (Иглесијас и Хозелу имаат по седум на второто место). Барселона стигна до десеттата победа во 12 кола и, барем, привремено е прва, со 31 бод, колку што има и Реал, кој утре ќе игра против Џирона. Валенсија е на 10. позиција со 15 бода.