Лидс Јунајтед го совлада Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со 1-2 и предизвика нов голем шок за фановите на „црвените“. Тоа е прв пораз на домашен терен за Ливерпул по низа од 29 натпревари.
Родриго во четвртата минута донесе предност за Лидс Јунајтед, а израмни Мохамед Салах само десет минути подоцна.
Гостинскиот голман Илан Мелие беше херој на гостите, бранеше фантастично, а во 89.минута Крисенсио Самервил ја погоди мрежата на Алисон и донесе голем триумф за Лидс.
What a ball by Trent.
— Football Transfers (@Transfersdotcom) October 29, 2022
What a waste by Darwin Nunez. https://t.co/Jbk0KRdeWa