Манчестер Јунајтед вечерва гостува кај Бетисво Севиља по победата од 4-1 на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар и засега е најблиску до пласман во четвртфиналето на Лига Европа. Тимот на Ерик Тен Хаг отпатува без Бразилецот Ентони кој остана во Англија поради болест.
Јувентус му гостува на Фрајбург, „старата дама“ има минимална предност од 1-0 по првиот натпревар.
Севилја е специјалист за трофеи во Лига Европа, а има водство од 2-0 пред денешното тешко гостување кај Фенербахче во Истанбул.
Феенорд ќе игра против Шахтјор Доњецк, а првата меѓусебна средба заврши нерешено 1-1.
Во ноќната програма, дуелот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон ќе привлече најголемо внимание, а по првиот натпревар ниту еден тим не обезбеди предност (2-2).
Актуелниот шампион во конференциската лига Рома има солидна предност од 2-0, но го очекува тешко гостување кај Реал Сосиедад.
Унион Сен Жил и Унион Берлин се подготвени за уште едно голгетерско шоу по спектакуларното реми 3-3 во Германија, додека Баер Леверкузен ќе се обиде да го заврши започнатото на гости кај Ференцварош по победата од 2-0 на домашен терен.