Македонскиот фудбалски репрезентативец ќе има слобода во бирање на клубот во кој ќе ја продолжи кариерата, а според информациите кои пристигнуваат од Апенинскиот полуостров воопшто нема да има проблем да го стори тоа затоа што веќе сега имало голем интерес за неговите услуги.
Според познатиот италијански новинар, Алфредо Педула македонскиот напаѓач имал сериозна понуда кариерата да ја продолжи во редовите на Вотфорд, клуб кој неодамна испадна од Премиер лигата.
Сопствениците на Вотфорд се сопственици и на Удинезе, па лесно може да се случи ваков трансфер, иако според првичните најави, желбата на самиот играч била да остнае во Италија.
Од Италија пак интерес засега пројавил тимот на Лече кој избори пласман во Серија А и сака да го види Несторовски во своите редови.
Медиумите од Италија пренесуваат дека во трката за популарниот Несторгол би можел да се вклучи и Палермо, поранешниот клуб на напаѓачот кој се избори за враќање во Серија Б по неколкугодишната голгота поради административни проблеми.