Главна причина за тоа беше тешката повреда која ја заработи капитенот Марк Андре Тер Штеген, а дополнителен бес меѓу фановите на Барса предизвика и завршницата на мечот.
Во ситуација кога натпреварот веќе беше решен и стана јасно дека Барселона само ги одработува последните минути, двајца играчи на Вилјареал ги надминаа границите на дозволеното и со крвнички стартови го стопираа Ламин Јамал.
Младото крило на Барса имаше нов блескав настап во шпанската елита, па навистина делува лошо да се виде дека двајца противнички фудбалери му стартуваа директно на колено и се обидоа да го повредат.
Станува збор за Кардона и Акомах, стартови за кои двајцата добиваа жестоки критики од навивачите на социјалните мрежи, добија жолти а заслужија црвени картони.