Единствениот гол на натпреварот го постигна Роберт Левандовски кој во 17. минута ја искористи слабата реакција на голманот Давид Сорија по нафрлувањето од Жил Кунде.
Барселона со оваа победа остана со максимален ефект и дојде до 21 бод, додека Левандовски е на врвот на листата стрелци со седум погодоци.