Каталонскиот гигант Барселона славеше со 2-0 против Алмерија и се искачи на првото место во Ла Лига, но победата падна во сенка на збогувањето на дефанзивецот легендарниот Жерар Пике, кој го одигра последниот меч на „Камп Ноу“ и замина во пензија.
Пике имаше шанса да постигне гол во седмата минута, но реши да му го препушти пеналот на Роберт Левандовски, кој не се прослави и погоди статива, по што Барселона головите за победа ги постигна во второто полувреме.
Осман Дембеле и Френки Де Јонг беа ѕвездите кои ѝ донесоа триумф на каталонците, а во 85. минута Пике го напушти теренот со солзи во очите при што доби аплауз и овации од преполните трибини.
Барселона е прва на табелата во Ла Лига со 34 бодови, односно два повеќе од Реал Мадрид кој има одиграно еден меч помалку.