Милан со многу мака успеа да ја победи Специја со 2-1 на „Сан Сиро“ и се врати на второто место на табелата во Серија А со 29 бода. Оливие Жиру е херојот на „росонерите“, кој со фантастичен, акробатски, волеј удар постигна победнички гол во 89.минута, а потоа поради преголема радост и соблечен дрес доби втор жолт картон и беше исклучен.
Сепак, Милан ги освои трите бода.
Шампионот поведе со голот на Тео Хернандез во 21.минута. Судиите во ВАР собата долго го проверуваа голот, кој на крајот излезе дека е регуларен.
Даниел Малдини, синот на Паоло Малдини, кој токму од Милан замина во Специја, го израмни резултатот во 59.минута. Но, сепак, Милан се извлече и стигна до важна победа.
🚨 Le CAVIAR de Bennacer pour Hernandez 🎯🔥https://t.co/tTq3V9AmmI
— Algérie Football Média 🇩🇿 (@DZFOOTBALLDZ) November 5, 2022
🤐 Daniel Maldini scores. How long will it be until Paolo speaks to him again? pic.twitter.com/PhENzA9Kfi
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 5, 2022
GIROUD !!!!!! What a finish https://t.co/OD8J75O1Aa
— Follow @footitalia1 (@footitalia2) November 5, 2022