Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Хетафе ремизираа 1-1 во 20. коло од шпанската Ла Лига. Мрежите останаа мирни во првиот дел од натпреварот, но потоа следуваше драма.
Анхел Кореа во 60. минута постигна гол за Атлетико, кој првично беше поништен поради офсајд, но по консултација на судијата со ВАР, голот беше потврден.
Во 80. минута Саул Нигез играше со рака во шеснаесетникот и судијата покажа на белата точка. Ова беше идеална можност за гостите да освојат бод, а Енес Унал не ја пропушти.