На дуелот помеѓу Хакен и Хамарби во првенството на Шведска се случи неверојатна сцена и смешен момент.
Голманот на Хамарби, Оливер Довин е фаворит број еден за наградата – пацер на сезоната. Иако доби една топка од дефанзивецот, кој знае што му се случи, па успеа да ја заборави топката и му овозможи на противникот да му дадат гол, а потоа неговиот тим доживеа убедлив пораз. Стрелец на урнебесниот гол беше Бени Траоре.
Траоре до крајот на полувемето постигна хет-трик и Хакен стигна до водство од 3:0. Гостите во вториот дел постигнаа почесен погодок за конечни 3:1