Чикаго фајр синоќа пред своите навивачи победи со 2:1 против Минесота во меч од седмото коло на МЛС, а натпреварот го одбележа голот во 57-мата минута. Домашниот тим ја имаше улогата на фаворит и по првото полувреме имаше солидна предност од 2:0 со двата гола на Камара, но до крајот на средбата Чикаго стравуваше за трите бода.

Во второто полувреме гостите намалија на 1:2 со голот постигнат од слободен удар од огромна далечина. Кервин Аријага реши да шутира директно кон голот од повеќе од 30 метри, а голманот на Чикаго, Крис Бреди, не ја сфати сериозно оваа опасност.

Во „живиот ѕид“ имаше само еден поставен играч, па Аријага имаше поголем простор за директен шут. Фудбалерот на Минесота шутираше, а голманот Бреди киксира и несмасно се обиде да ја фати топката, која на крајот заврши во неговата мрежа. За среќа на 19-годишниот голман на Чикаго, резултатот до крајот не се смени, па домаќините стигнаа до победа.