Кошаркарите на Бразил  убедливи ја совладаа домашната селекција на Летонија (69-94), на квалификацискиот турнир за место на Олимписките игри кој се одржа во Рига. Домаќинот немаше сили да му парира на фаворитот кој на убедлив начин се избори за олимписка виза.

Фуриозно отворија Бразилците и поведоа со 0-8, домаќинот се обиде да парира, ама не успеа во тоа. Уште во првата четвртина со перфектна кошарка гостите поведоа со високи +23 (11-34). Во втората четвртина Летонците малку ја намалија разликата, но не успеаја да се приближат и на одмор се замина со 33-49.

Бразил играше рутински, почна да ја зголемува предноста и сериозно се одлепи за во последната четвртина да влезе со високи 46-72. Во последниот период се достигна највисоката разлика од 28 поени, а и на крајот Бразилците со убедлива предност го финишираа мечот. Кабокло со 21 и Меиндл со 20 поени го предводеа бразилскиот тим до победата, додека кај Летонците се истакна Ломаш. Кабокло постигна кош со шут од својата половина.

Пласман во финалето на турнирот во Сан Хуан избори Порторико, совладувајќи го Мексико со 98-78. Порториканците за пласман на Олимписките игри ќе се борат против фаворитот Литванија.

https://twitter.com/i/status/1809990836064583995