НБА ѕвездата на Милвоки Бакс, Џру Холидеј стана побогат за 306.000 долари и тоа за осум секунди кои ги одигра во последниот меч од регуларниот дел во најсилната кошаркарска лига на светот.
Холидеј направи спектакл на мечот, зашто на паркетот во последниот меч со Кливленд тргна во првата петорка, мина осум секунди на паркетот, направи намерна лична грешка и потоа не заигра. Причина е клаузулата од договорот со која му следувал богат бонус за одиграни 67 мечеви во регуларната сезона.
И до мечот со Кливленд, Холидеј имал 66, па му бил потребен било каков настап. За да не се троши премногу, работата за да си го наполни џебот си ја заврши експресно, што наиде на смеење и кај коментаторите во НБА-лигата.
Ова на крај излезе најубавиот работен ден на кошаркарската ѕвезда.