Марјановиќ повторно правеше шоу во НБА.

Далас ја победи Филаделфија со 107:98, а овој меч го одбележа еден смешен момент чиј главен актер беше Бобан Марјановиќ.

При еден погодок за тројка, Лука Дончиќ ги извести судиите дека кошот не стои исправен, па високиот Србин ги презеде работите во свои раце и ја покажа својата мајсторија.

Судиите не знаеја како да го решат тој проблем, но затоа Боби знаеше многу добро.Тој се обеси на кошот и ја помести конструкцијата со движење лево-десно.