Во локалното дерби Бруклин нетс славеше со 110-98 против Њујорк никс, а неверојатен меч одигра Кевин Дурант, кој запиша уште еден трипл-дабл со 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
Одличен беше и Богдан Богдановиќ со 27 поени во триумфот на Јута против Оклахома со 137-101, а до победи синоќа стигнаа и Атланта против Вашингтон со 118-103, Бостон со Чикаго (117-94) и Клиперс против Феникс (113-109).
Од западната конференција во плејоф ќе играат Феникс, Мемфис, Голден Стејт, Далас, Јута, додека во последните два меча Денвер и Минесота ќе дадат одговор кој ќе биде во плејофот, а кој во плејин, каде што место веќе обезбедија Клиперс, Њу Орлеанс и Сан Антонио.
На истокот сè е јасно. Во плејофот се Мајами, Бостон, Милвоки, Филалдефија, Торонто и Чикаго, а за уште две позиции во плејофот низ плејин ќе се борат Кливленд, Атланта, Бруклин и Шарлот.