Леброн Џејмс испиша историја и сега има 10.000 асистенции во кариерата.

Кариерата на Леброн Џејмс е на самиот врв на кошарката, тој е еден од најдобрите на сите времиња и сигурен член на Куќата на славните.

Во ноќта зад нас успеа да стигне до бројката од 10.000 асистенции во кариерата.

Тој сега и официјално стана единствениот играч во историјата на кошарката со најмалку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции, а не планира да го намали темпото.

Никој во историјата на НБА лигата досега немал 10.000 скока и 10.000 асистенции во кариерата, а апсолутен лидер на првото место е живата легенда Џон Стоктон со 15.806 асистенции.