Пред самиот почеток на синоќешниот натпревар помеѓу Денвер и Лос Анџелес Клиперс, Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е вистински шоумен, па неговиот гест предизвика насмевка кај публиката, но и кај судијата.
Имено, додека судијата Бил Кенеди се подготвуваше да ја исфрли топката, Јокиќ неколку пати мрдаше со колковите, поради што стартот доцнеше неколку секунди. Судијата не се осмели да се воздржи, па прсна од смеење, а како тоа изгледаше погледнете во видеото: