Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека напаѓачот на Борусија, Ерлинг Халанд одлучил да замине во Реал.
Ди Марцио тврди дека Халанд избрал помеѓу англиската Премиер лига и шпанската Примера дивизион и дека се одлучил за Примера, бидејќи смета дека таа повеќе му одговара на неговиот стил на игра.
Тој веќе побара од својот агент да му договори се со Реал“, објави италијанскиот новинар.
Халанд следното лето би можел да ја напушти Борусија за 75 милиони евра. Во Дортмунд заработува околу осум милиони евра годишно, а во Мадрид се очекува да заработува двојно повеќе.
„Ерлинг ќе го направи следниот чекор во кариерата. Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се клубови каде што може да оди“, изјави неодамна агентот на Халанд, Мино Раиола. Баерн отпадна бидејќи во Минхен се уште смета на Роберт Левандовски, Сити не покажа голем интерес, а Реал е во подобра финансиска ситуација од Барселона.
Халанд пристигна во Борусија зимата 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. За клубот од Дортмунд одигра 75 натпревари и постигна 76 голови.