Германскиот првак Баерн Минхен направи чекор поблизу до титулата после денешната нова тешка победа обезбедена во последниот пола час од гостувањето во Бремен со триумфот со 2-1 против Вердер.
Серж Гнабри во 62-та минута ја најави, а Лирој Сане во 73-та ја обезбеди победата, па Вердер до крајот преку Шмид на три минути до истекот на регуларните 90 само ја намали предноста. Баварците со победата избегаа на плус четири бодови пред главниот ривал Борусија Дортмунд, кој утре дома игра против Волфсбург.
Баерн три кола пред крајот има 65 бода, а со колкава предност ќе влезе во завршницата ќе покаже утрешниот натпревар на „милионерите“, но следен предизвик на Баварците е пресметката против давеникот Шалке 04.