Поранешниот француски првак Лил прокоцка златна шанса да ја запоседне четвртата позиција и да го прескокне Монако за место во Лига Европа, откако загуби денеска кај Ремс со 0-1 и остана петопласиран за место во Конференциската лига.
Лил првпат загуби после безмалку цел месец и тоа во најлош момент, откако Маршал Мунтеси после 21 минута донесе предност за Ремс и тој гол на крај излезе решавачки за триумфот.
Лил со поразот, деветти сезонава, остана на 59 бода само три пред Рен на четири кола до крајот, а Монако на четвртото место има 61 бод и има меч помалку и шанса утре ако победи кај Анже да избега на плус пет. Ремс со победата дојде до 50 бода и сѐ уште во трка за место во Европа, шест зад шестиот Рен, но со помали шанси за такво нешто.