Португалија е последниот ривал на Македонија на патот кон Светското првенство. Во вторник во Порто на „Драгао“ ќе се бие последната битка за пласман на мундијалот.

Португалците ја совладаа Турција со 3-1, а селекторот Фернандо Сантош верува дека тимот ќе биде уште посилен против Македонија. Тој имаше многу проблеми во одбраната, со оглед дека Рубен Дијаш е повреден, Жоао Кансело беше суспендиран, а Пепе е позитивен на Ковид-19.

Во срцето на одбраната мораа да играат Жозе Фонте и Данило, кој од средниот ред беше прекомандуван во одбраната.

Сега Жоао Кансело се враќа во тимот, а Португалците се надеваат дека и Пепе ќе покаже негативен тест на Ковид-19 и ќе се приклучи за дуелот против Македонија.