Ракометарите на Нексе забележаа голема победа против ППД Загреб, на кој му го нанесоа првиот пораз во хрватскиот шампионат по цели 15 години .
Одличен натпревар одиграа Нексе и ППД Загреб, а тимот од Нашице стигна до првите два бода во борбата за титулата. Имено, од оваа сезона во хрватското првенство има поинаков систем на натпреварување и по завршувањето на Лигата , првиот и вториот продолжуваат да играат во доигрување за шампионската титула.
Се пренесуваат бодовите од меѓусебните натпревари во Лигата , а шампион е оној кој прв ќе собере вкупно шест бода. Натпреварите во плеј-офот може да завршат нерешено, а предност веќе има Нексе.
Секако, ова е само прво коло, пред Нексе и ППД е уште еден натпревар во плеј-офот во Загреб каде ќе се води борба не само за бодови туку и за првото место кое носи предност на домашен терен во плеј-офот.
На овој меч и двете екипи беа ослабени, недостигаа многу играчи од двете страни, а Нексе во вториот дел создаде разлика што им овозможи да дојдат до победа против актуелниот шампион.
Последниот пораз на Загреб беше во 2007 година од Осиек, но тука во вториот дел почна да тоне, Нексе одигра одлично и побегна на пет разлика и ППД не можеше целосно да се врати во игра.
Само во финишот Загреб успеа да намали на конечни 30:29, со три врзани гола го заврши натпреварот ,но немаше сили за целосен пресврт .
Одличниот домаќин со десет гола го предводеше Халил Јагањац, а кај гостите Иван Чупиќ постигна осум, а седум Никола Граховац.