Истрага од ОЈО не е започната, едноставно од причина што доказите кои се однесуваат на настанот се обезбедени. Во однос на првата изјава на медицинските лица, истрага внатрешна има спроведено министерот за здравство.
“По резултатите ќе видиме дали има некаков сомнеж за некакво учество на некое лице за прикривање. Но досегашните докази покажуваат дека нема индиции за прикривање на делото, едноставно се работи за погрешна проценка, лекарска, дека не се работи за насилна смрт” – вели обвинителот Гаврил Бубевски.