Неколку часови ја делат македонската ракометна репрезентација од првиот дуел против Чешка за место на Светското првенство 2023 година. Кирил Лазаров и неговите момци битката ја почнуваат во Злин, а ниту овој пат на ова гостување нема да останат без поддршка од страна на Македонците низ Европа.
Веќе беше најавено, македонската „фаланга“ од Виена се организираше за средбата во Злин. Околу 200 навивачи се најавени за вечерашната пресметката (20:15 часот). На својата официјална страница фановите од Виена испратија апел до сите кои ќе дојдат во овој чешки град, собирот е во 19:15 часот пред салата.
И ракометарите се среќни дека ќе имаат поддршка од трибините, како што изјавија утринава, за нив ќе биде голем ветер во грб, но и мотив повеќе од Чешка да се вратат со резултат, кој ќе ги отвори широко портите кон Мундијалот.