Ракометарите на Вардар 1961 ја загубија драмата со Нексе во четвртфиналната рунда во СЕХА лигата.
Во супер интересен, трилер натпревар „црвено-црните“ дадоа се од себе во СЦ „Јане Сандански“, имаа и напад за победа кој не го реализираа по што се изведуваа удари од седум метри во кои хрватскиот претставник беше подобар или поточно голманот Радовановиќ ги прочита Талески и Ѓукиќ, додека на спротивната страна Гогов и Томовски немаа ниту една интервенција.
Што се однесува со самиот меч гостите го Нашице го добија првиот дел со 15-12 и во вториот дел постојано беа во предност, избраниците на Недановски бркаа, но дури до на крајот дојдоа до водство од 27-26 и 28-27, меѓутоа Нексе израмнуваше за да во последниот напад македонскиот шампион не реализира преку Талески.
На крајот Талески со 11 и Манасков со 8 гола беа најефикасни, кај победниците кои одат на завршниот турнир во Задар прв стрелец беше Сршен со 8 погодоци.