Германската ракометна репрезентација првата фаза на Европското првенство ја одигра како од сон, а потоа пред почетокот на втората фаза дојде до колапс.
Секако, проблемот го создаде коронавирусот, кој пред натпреварот што „панцирите“ го играат против Шпанија в четврток, на списокот на ковид додаде уште тројца играчи.
Тоа се: Себастијан Хејман, Кристоф Штајнер и Џибрил Мбенге, па селекторот Алфред Гисласон моментално има само 13 ракометари.
Затоа се постави прашањето дали Германија ќе остане на турнирот, а тамошната ракометна федерација испрати официјално барање за одложување на натпреварот против Шпанците.
Сепак, ЕХФ го одби ова барање од неколку причини: Шпанија би одиграла три натпревари за четири дена, телевизискиот распоред е веќе одреден, персоналот во салата не може да одложи уште еден ден и би влијаело на општата регуларност на натпреварувањето.
Поради тоа барањето е одбиено и натпреварот се игра во четврток со почеток во 18.00 часот.
Германија по првата фаза ги има трите победи и пренесе два бода во новоформираната група.