Фудбалерот на Интер, Стефано Сенси, ќе помине уште најмалку неколку дена во Милано, иако е договорено до крајот на сезоната да игра како позајмен играч во Сампдорија.На крајот од првото продолжение, Сенси му донесе голема победа на Интер во осминафиналето од Купот на Италија против Емполи, а кога се знае дека шампионот во Серија А веројатно долго време ќе остане без Хоакин Кореа, јасно е дека сега на „Џузепе Меаца“ дополнително ќе се размислува.
Пред драматичниот меч против Емполи, Сенси веќе беше виден на пат кон Џенова, но се најде во протоколот за куп дуелот. Тоа го искористи со победнички гол, па ќе мора да почека уште неколку дена пред Интер конечно да пресече.
Повредата на Кореа промени се, па одлучувачки фактор ќе биде проценката колку долго ќе отсуствува Аргентинецот.
Сенси денеска требаше да биде претставен во Сампдорија, но во Милано ќе остане најмалку до сабота и натпреварот против Венеција.