Екипата на Барселона убедливо со 5:0 го победи Бетис во натпревар од петото коло на шпанското првенство. Сите пет гола за каталонскиот гигант беа постигнати од пет различни фудбалери, што само потврдува дека опасноста за противниците доаѓа од повеќе страни.
Жоао Феликс ја отвори серијата погодоци, а потоа погодуваа и Роберт Левандовски, Феран Торес, Рафиња и Жоао Кансело. По завршувањето на натпреварот, одговорниот за социјални мрежи во Барселона направи потег поради кој каталонците се најдоа на „тапет за сеир“.
Во објавата дека Барселона победила со 5:0, покрај стрелците на петте погодоци, стојат и имињата на двајца кои воопшто не се дел од тимот. Едниот е Ансу Фати кој летово си замина од „Камп Ноу“, а вториот е Кристијано Роналдо.