Алмерија имаше водство на гостувањето кај Вилјареал, но на крајот загуби со 1-2 во петтото коло на шпанската Ла Лига и ја продолжи лошата серија без победа во новата сезона.
Акиеме донесе радост за гостите во 44. минута, но во петтата минута од судиското надополнување Морено погоди за 1-1.
Вилјареал ја обезбеди победата дури во финишот на второто полувреме, односно во 94. минута кога погоди за 2-1.
„Жолтата подморница“ се наоѓа на 13. место со шест бодови, додека Алмерија е претпоследна со еден бод.