Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Мајорка по пресврт со 4:1 во натпреварот од шестото коло на шпанската Примера.

„Кралскиот“ клуб со тоа остана на максималниот учинок од стартот на првенството и моментално е на чело на табелата.

Мајорка се бранеше брилијантно и организирано во првото полувреме. Домашниот тим не успеа да создаде многу прилики и да го стави на тест српскиот голман Предраг Рајковиќ. Добрата игра во одбраната му даде сигурност на тимот на Хавиер Агире.

Мајорка успеа да поведе на Бернабеу. Се играше 35. минута кога Канг-Ин Ли одлично нафрли од слободен удар, а високиот напаѓач Ведат Муриќи ја погоди мрежата на немоќниот Куртоа.

Реал не мора да игра добро за да постигне гол, тоа денеска го потврди и „суперсоничниот“ Федерико Валверде, кој во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме ја одзеде топката на триесетина метри од сопствениот гол, стигна до работ на шеснаесетникот на гостите и спектакуларно погоди под гредата од голот на Рајковиќ.

Истата слика како во првото полувреме и на почетокот на второто полувреме. Реал постојано имаше посед, но без посериозни шанси.
Мајорка се закани во контранапад, а шансата на мечот ја пропушти резервистот Антонио Санчез кој во 65. минута беше сам пред Куртоа и шутираше далеку крај голот по одличната комбинација со Грениер.

Како што обично се случува во фудбалот, казната дојде неколку минути подоцна. Проработи бразилската врска меѓу Родриго и Винисиус, поискусниот Бразилец го постигна голот, со што Реал оствари пресврт и нови три бода.

Третиот гол за мадриѓаните го постигна асистентот на вториот гол , Родриго на две минути пред крајот на натпреварот, по одличен соло пробив.

Конечниот резултат го постави Антионио Рудигер во последната минута од натпреварот, со својот „првенец“ во дресот на Реал.

https://www.youtube.com/watch?v=IFIXZSudDCk

Standings provided by SofaScore LiveScore