На Паркот на принцовите во Париз денеска се одигра дербито од 24. коло во францускиот шампионат. Домашниот и водечки ПСЖ предводен од Лео Меси беше домаќин на четвртопласираниот Рен. Натпреварот заврши со резултат 1:0.
Во судиското продолжение Меси асистираше до Мбапе а овој асистенцијата ја претвори во гол кој беше доволен за три бода. Тоа беше 12-ти гол на францускиот репрезентативец оваа сезона.
ПСЖ за четири дена ќе одигра голем натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Навивачите очигледно се незадоволни, што го демонстрираа со знаци упатени до сопствениците на клубот, но и до играчите: „Директорите без почит, играчите без желба и дресовите без бои. Ова е единствениот хет-трик на клубот оваа сезона. Пееме со страст за играчи без мотивација. Престанете да не сметате за глупави“.