Првиот човек на „каталонците“ неодамна рече дека во ниту еден момент не помислил за отказ на Чави, но доколку се работело за друг тренер, одамна ќе му удреле клоца поради лошите резултати.
По киксот на Барселона против Гранада, неколку извори објавија дека Жоан Лапорта свикал итен состанок на раководството.
Се шпекулира дека една од темите ќе биде и иднината на Чави, не се исклучува можноста стратегот сепак да биде избркан и да не го дочека крајот на сезоната.
По ремито против Гранада, Барселона е на -10 во однос на лидерот Реал Мадрид, и -5 во однос на второпласираната Жирона.