Јувентус продолжи со очајни игри, па вечерва беше поразен и од Верона со 2-1 во натпреварот од 11. коло во Серија А.

Пред неколку дена Јувентус загуби од Сасуоло со 2:1 во Торино, а вечерва во Верона со истиот резултат го забележа четвртиот пораз сезонава и како уште сега да се зборува со шампионските амбиции.

Се беше решено за само четири минути, кога Џовани Симеоне постигна два гола во 11 и 14 минута. Јуве мораше да оди на се или ништо, што на крајот донесе сосема отворен натпревар, но гостите до гол стигнаа дури во 80. минута. Мекени намали на 2:1 по центаршутот на Данило.

Овој пораз воопшто не му оди во прилог на Јувентус, а прашање е дали клубот ќе продолжи да му верува на Макс Алегри, чиј втор мандат во Торино воопшто не изгледа добро.