Дарко Велковски на почетокот на оваа година го реши клупското прашање и тоа со ангажман во романскиот Динамо Букурешт, тим за кој оваа вечер го постигна и првиот гол во важната победа над Фарул Констанца.
Гостите важеа за аутсајдери на овој дуел, меѓутоа се изборија за голем триумф од 2-0 во кој огромна улога одигра македонскиот репрезентативец.
Дефанзивецот се најде на вистинското место во 29 минута и со одличен удар со глава го отвори резултатот. Ова ја крена самодовербата кај клубот од Букурешт кој на стартот на второто полувреме постигна уште еден гол и со тоа ја потврди победата на ова тешко гостување кај составот кој е предводен од легендарниот Георге Хаџи.
Со 19 бода Динамо е на 16 место на табелата и го очекува жестока битка за опстанок во елитната романска конкуренција.