Голем кикс направи екипата на Јувентус, доживеа пораз од Удинезе среде Торино! Јувентус го губи чекорот со Интер, трет натпревар по ред е без победа, овојпат загуби на свој терен од Удинезе со 1-0.

По ремито со Емполи и поразот од Интер, Јуве денеска требаше да се врати на победите, но тимот на Алегри остана без бодови на свој терен.

Клучниот момент се случи во 25. минута кога Џанети најдобро се снајде во шеснаесетникот на Јуве и постигна гол за водство на Удинезе од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Фудбалерите на Јувентус имаа доволно време да постигнат гол и дојдат барем до реми, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на гостите.

Јувентус има седум бода помалку од лидерот Интер кој има натпревар помалку.